недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Алвеш за иднината на Роналдо: Кога сте во одличен тим…

Алвеш за иднината на Роналдо: Кога сте во одличен тим…

Искусниот португалски интернационалец, Бруно Алвеш даде коментар за иднината на неговиот сонародник Кристијано Роналдо.

Напаѓачот е во последната година од договорот со Јувентус и имаше некои информаци во медиумите дека може да го напушти Торино. Се споменуваше Пари Сен Жермен, меѓутоа таа опција во моментов е тешко остварлива со оглед на тоа што пред неколку денови во клубот притстигна Лионел Меси.

-Мислам дека ќе остане. Јувентус е топ тим, имаат многу важни играчи. Враќањето на Алегри е многу важно. Јуве е силен, па кога сте во одличен тим не сакате да си заминете, -вели Алвеш кој многу добро го познава Роналдо од настапите во португалската репрезентација.