четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Преодниот рок за ПСЖ не е завршен: 45 милиони евра подготвени за дефанзивецот

Преодниот рок за ПСЖ не е завршен: 45 милиони евра подготвени за дефанзивецот

Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи ја покажа својата моќ летово во преодниот рок.

Тој веќе ги донесе Лионел Меси, Серхио Рамос , Донарума, Ахраф и Вајналдум во клубот, и според француските и италијанските медиуми, би можел да им се придружи и Калиду Кулибали.

Бидејќи Серхио Рамос заработи повреда поради која ќе отсуствува два месеци, тренерот на париските „светци“, Маурисио Покетино, побара ново засилување во одбраната. Изборот падна на 29-годишниот Сенегалец Кулибали, а според италијанските медиуми, Наполи нема ништо против да го продаде на Парижаните за 45.000.000 евра.

Сенегалскиот дефанзивец се поврза со Манчестер Јунајтед на почетокот на преодниот рок, кој на крајот го доведе Рафаел Варан.

Кулибали има важечки договор со Наполи до летото 2023 година.