четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Реал демонстрира моќ во вториот дел и победи кај Алавес

ВИДЕО: Реал демонстрира моќ во вториот дел и победи кај Алавес

Реал Мадрид одлично ја отвори новата сезона во шпанската Примера, откако на гостувањето кај Алавес победи со 1-4 (0-0). Пресметката од првото коло на „Мендизороца“ не понуди возбудувања во првиот дел, но затоа за 20 минути во продолжението паднаа дури четири погодоци.

Алавес – Реал Мадрид 1-4:

Двајцата тренери ги поставија екипите претпазливо. Реал се обидуваше да го притисне ривалот, но домаќинот успеваше да ги одбие налетите. Бензема за „кралевите“, а Понс и Риоха за Алавес имаа изгледни шанси во првото полувреме.

Иако Алавес се одбрани, веднаш на стартот на второто полувреме прими гол. Карим Бензема го постигна првиот гол за Реал оваа сезона, по асистенција од Азар во 48. минута (0-1). Шест минути подоцна, Модриќ одлично го пронајде Начо по прекин, а стоперот реализираше.

Францускиот напаѓач Бензема, одново покажа дека е „алфа и омега“ во Реал Мадрид и со својот втор погодок, донесе предност од три гола. Само три минути подоцна, Алавес доби пенал по стартот на Куртоа. Хозелу беше прецизен од белата точка, за мала надеж на домашните. Сепак, Алавес не успеа да се врати во игра, па во 92. минута Винисиус Жуниор ги постави конечните 1-4.

Осасуна и новиот прволигаш Еспањон играа без голови во здодевен натпревар во Памплона.