четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Гасперини збесна на судијата и доби црвен картон по крајот на дуелот со Јувентус

Гасперини збесна на судијата и доби црвен картон по крајот на дуелот со Јувентус

Пријателскиот натпревар меѓу Јувентус и Аталанта заврши со непријатна сцена, откако тренерот на гостите, Џан Пјеро Гасперини заработи црвен картон.

Домаќините победија со 3:1 во дуел на кој и двете екипи имаа нереализирани шанси, но Јувентус се снајде подобро во второто полувреме во кое беа направени многу замени на двете страни.

Јувентус го постигна третиот гол во последната минута од судиското продолжение, а се чини дека токму тој момент го испровоцира Гасперини кој жестоко протестирал кај судијата Абисо по крајот на средбата.

Невообичаено за ваков дуел, Гасперини доби црвен картон, па сега останува да се види дали ќе заработи и некоја казна од федерацијата, на една недела пред почетокот на новата сезона во Серија А.

Лутиот тренер на Аталанта одбил и да разговара со новинарите на „Скај Спорт Италија“ по крајот на средбата.