четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ЕСПН: Погба одбра нов клуб

ЕСПН: Погба одбра нов клуб

Францускиот играч за врска, чиј договор со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на јуни 2022 година, ќе го напушти Олд Трафорд на крајот на сезоната, пренесува ЕСПН.

Погба дојде во Манчестер летото 2016 година од Јувентус за 105 милиони евра. Иако со години се зборуваше за неговиот потенцијален трансфер, Французинот остана на „Олд Трафорд“. Тој не ја смени средината, но ниту потпиша нов договор со Јунајтед.

Сега кога договорот е при крај, се повеќе се шпекулира за неговата иднина. Мино Раиола како негов агент и Погба не се согласија за нов договор и сите индикации се дека играчот веќе одлучил да го напушти тимот како слободен агент следното лето.

Имаше бројни најави дека Погба ќе патува во Париз, но ЕСПН тврди дека тој одлучил да го засили Реал Мадрид како слободен играч на крајот на сезоната, како што направи ова лето поранешниот играч на Баерн, Давид Алаба.