среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Лукаку со порака до фановите на Интер по трансферот во Челси

Лукаку со порака до фановите на Интер по трансферот во Челси

Белгискиот репрезентативец, Ромелу Лукаку преку социјалните мрежи упати порака до навивачите на Интер откако го реализираше трансферот во Челси.

Лукаку за сума од 120 милиони евра се врати на „Стемфорд Бриџ“ реализирајќи го најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата.

Неколку дена по официјализацијата на трансферот, Лукаку со емотивно писмо се прости од навивачите на Интер.

– Драги фанови на Интер, ви благодарам… Ви благодарам што ме сакавте како еден од вас. Ви благодарам што направивте јас и моето семејство да се чувствуваме како дома во Милано. Ви благодарам за неверојатната поддршка и секојдневната љубов. Ви благодарам што ме мотивиравте уште повеќе по првата сезона.

– Кога дојдов во Интер, веднаш почвуствував дека ќе ми оди добро во овој клуб. Љубовта и пречекот кои ги доживев на Малпенса аеродромот беа стартот на прекрасната приказна. Тогаш си поставив мисија никогаш да не ве оставам додека го носам дресот на Интер.

-Давав 100% на секој тренинг, на секој натпревар и токму затоа сум горд. Нашата прва сезона заврши на најтешкиот можен начин, но вие ми дадовте сила да продолжам да притискам и потоа ние успеавме како тим. Токму затоа станавме шампиони заедно.

– Се надевам ми ја разбирате одлуката да се преселам во Челси. Ова е шанса која се нуди еднаш во животот и мислам дека е вистински период за да ја зграбам. Ова е шанса за која отсекогаш сонував.

– Една работа е сигурна, а тоа е дека јас секогаш ќе останам Интерист затоа што без вас немаше да бидам играчот кој сум денес. Ви благодарам од дното на моето срце, -напиша Лукаку.