четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Пред 30 години бараше автограм од Куман, а сега е „спасител“ на неговиот тим (ВИДЕО)

Пред 30 години бараше автограм од Куман, а сега е „спасител“ на неговиот тим (ВИДЕО)

Жерард Пике ја одушеви фудбалската јавносто, особено во Шпанија, откако прифати на значително смалување на платата со цел Барселона да се избори со кризата и да може да ги регистрира новите засилувања.

Стоперот кој има 34 години и е дете на клубот е можеби главен фактор што не пропаднаа трансферите на Депај и Гарсија, а тоа го препознаа фановите и го поздравија потегот. Пике е еден од четирите капитени на Барселона, заедно со Бускец, Алба и Роберто. Тој на социјалните мрежи објави интересно видео, кое го обиколи светот.

Видеото кое го објави Пике:

Имено, капитенот на Барселона објави снимка од пред 30 години, на која се гледа како бара автограм од Роналд Куман. Интересно е дека сега токму тој е „спасител“ на тимот кој го води Холанѓанецот.