среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Денес ќе падне одлуката: Мбапе на состанок со Ал Келаифи

Денес ќе падне одлуката: Мбапе на состанок со Ал Келаифи

Според шпанските медиуми, денеска Килијан Мбапе ќе има состанок со газдата на ПСЖ, Насер Ал Келаифи на кој ќе побара да си замине од клубот.

И покрај сите засилувања кои ги донесе ПСЖ, се верува дека ставот на Мбапе не се менува, тој нема да се предомисли, сака да замине во Реал Мадрид.

На состанокот се очекува Мбапе да побара од Ал Келаифи да почне преговори со Реал Мадрид за негов трансфер.

Ставот на ПСЖ беше дека тие нема да го продадат Мбапе дури и по цена тој да замине како слободен играч по крајот на сезоната.

ПСЖ создаде дрим тим, но Мбапе знае дека е во години кога треба да игра во клуб од посилна лига какви што се Ла Лига, Премиерлигата или Серија А. Француското првенство не е вистинско место за талент како него без разлика на инвестициите на неговиот клуб.