четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ ќе чека да истече договорот на Погба за да му понуди неверојатна плата

ПСЖ ќе чека да истече договорот на Погба за да му понуди неверојатна плата

Пол Погба е еден од најдобрите играчи во светот на фудбалот кога е во вистинска форма, а тоа го покажа во саботата на дуелот против Лидс јунајтед на стартот на сезоната во Премиерлигата.

Французинот имаше неверојатени четири асистенции во победата од 5-1, а минатата сезона имаше вкупно три асистенции. Манчестер јунајтед се надева дека оваа форма на Погба ќе потрае, бидејќи само така може да биде кандидат за титулата во Премиерлигата.

Клубот моментално разговара со Французинот за продолжување на соработката, бидејќи договорот му истекува следното лето. Сепак, преговорите може да бидат залудни, бидејќи ПСЖ сака да го доведе плејмејкерот во својот тим.

Наводоно, парижаните следното лето се подготвени да му понудат 31,2 милиони евра плата на Погба, односно 600.000 евра неделно, објавува „Индепендент“.

ПСЖ со слична тактика ги доведе Серхио Рамос и Џанлуиџи Донарума. И овие двајца имаа понуди од своите поранешни клубови да останат, но Французите понудија многу повеќе. Џорџињо Вајналдум имаше понуда од Барселона од пет милиони евра годишна плата, но тогаш се појави ПСЖ со понуда од девет милиони, па Холанѓанецот заврши на „Паркот на принцовите“.