среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Засилувањето на Манчестер Сити од 117 милиони евра не покажа ништо, а Гвардиола со изјавата ги збуни сите

Засилувањето на Манчестер Сити од 117 милиони евра не покажа ништо, а Гвардиола со изјавата ги збуни сите

Тотенхем го совлада Манчестер Сити со 1:0 на отворањето на новата сезона. Навивачите, особено оние на „Граѓаните“ очекуваа повеќе од овој меч. Секако тоа се однесува и за најскапото засилување на Сити, Грилиш кој е платен 100 милиони фунти, или нешто повеќе од 117 милиони евра.

Грилиш речиси ништо не покажа на овој натпревар, не се ни виде, но тренерот на Сити, Пеп Гвардиола со неговата изјава по мечот ги збуни сите.

-Многу е опасен во последната третина од теренот. Кога ја имаме топката, тој секогаш има опција повеќе. Имаше неверојатно деби и ќе биде важен дел од нашиот состав. Му честитам на борбеноста која ја покажа, секогаш се обидуваше да направи нешто, изјави Гвардиола.