среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Измамник баран со потерница кон Србија шверцувал мигрант од Сомалија

Измамник баран со потерница кон Србија шверцувал мигрант од Сомалија

Скопјанец баран со потерница за измама бил уапсен откако бил фатен во обид да прошверцува мигрант од Сомалија.

На 15.08.2021 во 11.40 часот на автопат Куманово-Граничен премин „Табановце“, во близина на обиколница Табановце, полициски службеници од Полициската станица Сопот го лишиле од слобода М.М.(31) од Скопје.

При преглед во возилото „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, соопштија денеска од МВР, превезувал едно лице – мигрант од Сомалија. При дополнителни проверки било констатирано дека М.М. се бара по наредба за сторено кривично дело „измама“, казниво по член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Куманово и против него е поднесена кривична пријава по член 418-б ст.2 од Кривичниот законик, за „криумчарење на мигранти“. Лицето-мигрант е сместено во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка – информираат од МВР.