недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Лапорта ја претстави лошата ситуација во Барса, должат над милијарда евра!

Лапорта ја претстави лошата ситуација во Барса, должат над милијарда евра!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ја претстави финансиската состојба во клубот, која ја окарактеризира како „катастрофална“.

Голем „земјотрес“ во Каталонија предизвика заминувањето на Лионел Меси, бидејќи Аргентинецот не можеше да се регистрира и покрај договорот за намалување на платата. „Ла Лига“ не го одобри неговиот договор со Барселона и разделбата беше неизбежна. Проблемите не завршија тука. Новите засиливања како Мемфис Депај, Кун Агуеро, Ерик Гарсија и Емерсон исто така не можеа да се регистрираат.

Жерар Пике веднаш потоа помогна со значително намалување на неговата плата по сопствена иницијатива и им овозможи на споменатите фудбалери да бидат регистрирани. Долговите се огромни и прашање е како ќе излезе од оваа криза. За нив, единствено решение е Супер лигата, а бројките и информациите ги претстави првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, кој оваа година ја презеде претседателската фотелја од Жозеп Бартомеу.

– Првото нешто што морам да го кажам е дека, кога пристигнавме во клубот, побаравме заем од 80 милиони евра, бидејќи доколку не го сториме тоа, нема да можеме да го покриеме платниот список. Наскоро сфативме дека е потребно да инвестираат во реновирање на стадионот, инаку би било ризично, во спротивно би било ризично навивачите да дојдат на натпреварот. Инвестиравме 1,8 милиони евра и им дозволивме да доаѓаат непречено во неделата. Исто така, кога пристигнавме, клубот доби 50 проценти дел од правата за трансфер однапред – рече Лапорта.

Парите не беа распределени на вистински начин, констатираше Лапорта, откривајќи дека претходното раководство на клубот ангажирал скаут во Јужна Америка, на кого му било платено осум милиони евра за такво нешто.

Според него, Барселона има негативна нето вредност од 451 милион евра, додека последиците од коронавирусот се 91 милион евра. Севкупно, клубот должи една милијарда и 350 милиони евра, воедно и дека клубот троши 103% од својот профит за плати, што е за 20 до 25% повеќе од другите клубови.

– Добивме заем од 551 милион евра со каматна стапка од 1,1 отсто, со цел да го преструктуираме клубот – додава Лапорта.