петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид го продолжи договорот со Куртоа

Реал Мадрид го продолжи договорот со Куртоа

Реал Мадрид денеска официјално објави дека е продолжен договорот со Тибо Куртоа до 2026 година.

Белгискиот голман си го обезбеди првотимскиот статус со одличните партии во „кралскиот клуб“, а Реал со овој потег покажува дека долго ќе смета на неговите услуги.

Според новиот договор, Куртоа и Реал ќе соработуваат барем до 30 јуни, 2026 година.

Белгиецот дојде во Мадрид во 2018 година, а за него Реал му плати 35 милиони евра на Челси.