Повеќе клубови од Чемпионшип се заинтересирани за фудбалер на Манчестер Јунајтед, за кого менаџерот Оле Гунар Солскјер решил дека е најдобро да оди на позајмица.
Се работи за талентираниот Амад Диало, кој остана со минимални шанса за минутажа по пристигнувањето на Џејдон Санчо, па затоа и „црвените ѓаволи“ сакаат да го испратат во екипа каде ќе игра.
Најблиску до Диало во моментов е Шефилд Јунајтед и се чини дека ако нема компликации, тој ќе стане дел од повремениот премиерлигаш уште наредните денови.
Диало пристигна од Аталанта во јануари за 37 милиони фунти и забележа само осум настапи во тимот на Солскјер.
Манчестер Јунајтед веќе го испрати Факундо Пелестри на заем во редовите на Алавес.