понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Престрелка во Арачиново: Причината е нарушени семејни односи

Престрелка во Арачиново: Причината е нарушени семејни односи

Вчера во 23.42 часот во СВР Скопје, Ш.О.(26) од с.Арачиново, пријавил дека околу 22.30 часот во с. Арачиново, додека се движел со неговото патничко возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле неговата мајка Џ.О.(45) и неговиот брат А.О.(20), од патничко возило „ауди А4“, со германски национални ознаки, во кое биле О.М.(36) од с.Арачиново и С.Ќ.(26) од с.Љуботен, скопско, биле испукани проектили кои го оштетиле неговото возило.

Повредени лица нема, а според пријавата, причина за нападот се нарушени семејни односи.

Полициски службеници излегле на местото. По наредба на Јавен обвинител, Ш.О. и А.О. биле приведени во полициска станица, поради сомнение дека и тие употребиле огнено оружје.

По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.