четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ сега ќе прави чистка, пет фудбалери се на листата за продажба

ПСЖ сега ќе прави чистка, пет фудбалери се на листата за продажба

По брилијантниот преоден рок во кој донесоа пет ѕвезди а платија само 60 милиони евра за Хакими, ПСЖ сега ќе продава.

ПСЖ го состави тимот за оваа сезона, дојдоа Меси, Рамос, Донарума, Вајналдум и Хакими, а утринава стигна информација и дека е решена иднината на Мбапе, тој сигурно биде во тимот, ќе го одработи договорот до крај, по што ќе си замине.

Сега ПСЖ планира да продаде пет фудбалери, според „Ле Перизиен“ на листата за продажба се Курзава, Керер, Рафиња, Сарабија и Дракслер.

Се верува дека веќе има заинтересирани купувачи за сите овие фудбалери, ПСЖ нема да бара неразумни суми за нив бидејќи важно им е да ја намалат и ставката за плати, па се очекува да нема проблеми при продажбата.