среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Чурлинов со нов предизвик во Германија, ќе ги брани боите на друг клуб

Чурлинов со нов предизвик во Германија, ќе ги брани боите на друг клуб

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов оваа сезона ќе има нов предизвик, затоа што ќе ги брани боите на друг клуб.

Како што тврдат германските медиуми, младиот напаѓач на Штутгарт ќе замине на едногодишна позајмица во култниот Шалке 04, клуб кој минатата сезона се соочи со сериозни проблеми и испадна од Бундеслигата.

Сепак, проблемите во клубот од Гелзенкирхен се надминати и амбициите на тимот се експресно враќање во елитата. 21-годишниот голгетер не ја доби вистинската шанса за докажување во Штутгарт, па затоа го прифати овој предизвик. Медицинските прегледи се закажани за денес, по што ќе следува потпис на едногодишна позајмица, а Шалке нема да има право на целосен откуп следното лето.

Чурлинов од 2020 година е дел од Штутгарт, а претходно ги бранеше боите на Келн. Тој беше дел од сениорската репрезентација на Македонија на последното Европско првенство.