среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Брајтвајт бара зголемување на платата во Барселона

Брајтвајт бара зголемување на платата во Барселона

Каталонскиот гигант Барселона е во финансиска криза, најголем дел од фудбалерите се сложија на намалување на договорите, но Мартин Брајтвајт смета дека заслужува да има поголема плата.

Тој побарал од раководството на клубот да размисли за зголемување на неговите годишни примања. Во спротивно, постои можност тој и да си замине од “Камп Ноу”.

Брајтвајт беше двоен стрелец за Барселона на мечот против Реал Сосиедад, премиерен од новата сезона во Ла Лига. Каталонците ја стартуваа ерата без Лионел Меси и на почетокот забележаа успех.