Роденденот на пејачката Јелена Карлеуша секоја година предизвикува големо медиумско внимание како и гостите кои доаѓаат на него.
Пејачката вчера наполни 43 години, а наместо забава медиумите и нејзините фанови останаа со подотворени усти кога дознаа дека сепак такво нешто нема да има…
По тој повод се огласи и самата пејачка:
-Ви благодарам за честитките и најубавите желби. Идеме понатаму во голем стил. Ни малку, ни повеќе! Ве сакам вас. П.С не правев оваа година роденденска забава, бев со најблиските во семејството и пријателите, се одмарав и ги полнев батериите за музичкиот викенд кој следува. Подгответе се да грми планетата, напиша Карлеуша на својот Инстаграм профил.
Сепак пејачката не изостави да направи фотосесија во нејзин стил за својот роденден и истата ја сподели со фановите.
View this post on Instagram