среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

И Реал не е тоа што беше – ќе купува петмина, но бесплатно

И Реал не е тоа што беше – ќе купува петмина, но бесплатно

Реал Мадрид најверојатно нема да донесе нови играчи до крајот на преодниот рок.

Иако „Кралевите“ се поврзуваа со доведување на Килијан Мбапе, тоа најверојатно нема да се случи и одличниот напаѓач ќе ја помине оваа сезона и во ПСЖ.

Сепак, неговото доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“ треба да се очекува следното лето. Договорот на Мбапе истекува и се очекува тој да потпише за Реал како слободен играч.

Сепак, според весникот АС, Мбапе не е единствениот слободен играч што би можел да ги засили редовите на великаните од Мадрид следното лето.

Реал сака уште четири играчи да ангажира на овој начин, а на списокот засилувања се Антонио Рудигер (Челзи), Леон Горецка (Баерн), Пол Погба (Манчестер Јунајтед) и Едуардо Камавинга (Рен).

Реал и претходно се поврзуваше со сите фудбалери. Сепак, трансферот никогаш не се случи, но раководството на кралскиот клуб ќе се обиде да го обезбеди потписите на почетокот на новата година.

Сите овие играчи, доколку не потпишат нови договори со екипите, можат слободно да преговараат од првиот ден од јануари, а Реал има намера да го искористи тоа и да ги донесе потполно бесплатно.

„Кралевите“ го направија истото ова лето кога Давид Алаба од Баерн пристигна во клубот како слободен играч, а ќе видиме дали следната година ќе успеат да донесат барем еден од овие играчи.