ОВР Берово поднесе кривична пријава против М.Д.(45) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.
На пријавениот од страна на Основиот суд во Берово му се изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство – „отстранување од домот“ и „забрана да се приближува до живеалиштето на жртвата“.
Но, тој сепак во периодот од 23.07.2021 до 07.08.2021, во повеќе наврати, при проверките од страна на полициски службеници, бил затекнат во домот неговата сопруга Ф.Д., со што свесно и со умисла презел дејствија на непридржување на судската одлука со која бил задолжен.