среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Крос со мистериозен одговор: Можеби ќе дојде некој од Париз

Крос со мистериозен одговор: Можеби ќе дојде некој од Париз

Тони Крос изненади многумина со својот интересен одговор и со тоа ги израдува навивачите на Реал Мадрид во преодниот рок.

Килијан Мбапе не сака да остане во ПСЖ поради Лионел Меси и сака да замине во Реал Мадрид. Па, потоа ќе се демантира и сетоа тоа оди во круг.

Отприлика вака може накратко да се опише сагата за суперталентираниот Французин во претходниот период.

Која е правата вистина и каде ќе ја продолжи кариерата, веројатно знае само тој. А сега се појавија нови информации кои ги пренесува германскиот интернационалец Тони Крос, играчот на „кралскиот“ клуб.

Гостувајќи во една емисија тој зборуваше за преселбата на Лионел Меси во Париз, па даде еден интересен одговор околу засилувањата.

– Можеби има нешто добро за нас во заминувањета за нас, бидејќи Барселона го загуби најдобриот играч. Кој знае, можеби ќе се случат повеќе добри работи, како доаѓањето на некој од Париз. Доколку се случи тоа, тогаш овој трансфер на Меси нема да биде недостаток за нас, не би имал ништо протис – рече Крос.

Германецот не прецизираше дека мисли на Мбапе, иако многумина тоа го протолкуваа како можна најава за трансфер на Французинот во мадридскиот гигант. Крајот на преодниот рок дефинитивно ќе биде возбудлив.