среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

На повидок е уште една војна меѓу ПСЖ и Реал Мадрид

На повидок е уште една војна меѓу ПСЖ и Реал Мадрид

Според шпанскиот медиум „АС“, ПСЖ и Реал Мадрид наскоро ќе влезат во нова војна, овој пат ќе водат битка за Пол Погба на кого договорот му истекува по крајот на сезоната.

Погба го преферира Реал Мадрид, но ПСЖ може да му понуди повеќе пари и на тој начин да го предомисли.

Реал Мадрид следи неколку фудбалери на кои договорот им истекува по крајот на оваа сезона, еден од нив е Пол Погба.

Не е тајна дека Погба не сака да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед, но подготвен е да го испочитува до крај, да одигра максимално во текот на оваа сезона, а потоа да замине.

Реал Мадрид долго се поврзува со Погба, кралскиот клуб подготвува понуда за Французинот, но свесни се дека нивни ривал на пазарот ќе биде ПСЖ.

„Дејли Мејл“ синоќа напиша дека Погба одлучил да не го продолж договорот со Јунајтед и дека ќе оди во Реал Мадрид следното лето.

Но, „Скај Спортс“ пишува дека ПСЖ веќе го скроил планот за следниот летен трансфер период во кој сака да донесе уште двајца играчи на кои ќе им заврши договорот, тоа се Погба и Роналдо.

ПСЖ ова лето како слободни фудбалери ги донесе Меси, Рамос, Донарума и Вајналдум, па газдите на клубот сакаат да продолжат со таа рецепта и во иднина.

Флорентино Перез нема да седи со скрстени раце, ќе се обиде да го убеди Погба дека Реал Мадрид е вистинското место за него, ќе има адут во ракавот ако го земе и Мбапе.

Во брзо време нема да дознаеме кој ќе биде следниот клуб на Погба, веројатно тоа ќе се знае дури по крајот на сезоната, но сигурно ќе биде еден од ПСЖ или Реал Мадрид.