петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Михајловски: Самсоненко платил долг од 700.000 евра

Михајловски: Самсоненко платил долг од 700.000 евра

Првиот човек на Вардар 1961, Михајло Михајловски, говореше на прес-конференција пред стартот на официјалните натпревари на екипата оваа сезона.

„Имавме хендикеп и големи нервози кога ЕХФ соопшти дека нашиот настап во Лигата на шампионите е доведен под знак прашалник поради стари обврски. Има тројца играчи кои пријавиле во ЕХФ и од таму потекнува целата таа сторија. ЕХФ инсистираше на некоја нивна конзервативна и неприфатлива идеја да се депонира милион евра за да се има пари да се исплатува ако некој тужи. Во директни контакти се договоривме со челниците на ЕХФ. Се исплатија играчите по 700.000 евра, а остантите 300.000 евра се како депозит кој стои и тие може да се искористат. Мојата функција во тие преговори беше начинот да се смени плаќањето на тие средства, а за останатите средства беше задолжен Сергеј Самсоненко. Со тоа нема условување дали Вардар 1961 ќе игра во Лигата на шампионите. Но, тоа ни направи проблем, затоа што ланските спонзори чекаа да се заврши со ЕХФ целиот проблем, па да преговараме. Тоа не успори за договорите за спонзорирање со Вардар. Бидејќи сега имаме чист терен пред себе, јас го користам овој прес да испратам апел до сите досегашни спонзори да се обнови договорот и да дојдат некои нови потенцијални спонзори да го помогнат Вардар. Сепак, ние сме двократен европски првак и клуб со јавен интерес. Најдобар клуб од државата. Очекувам институции од градот, од владата, од општините и некои државни јавни претпријатија да го помогнат овој проект и она кое се зацрта да се оствари. Наша цел е да се влезе во ТОП-8 во Европа, да се игра финале на СЕХА лигата и да се освои двојната круна во Македонија“, изјави Михајловски.

foto: gol.mk