Демонстрантите се раскараа меѓу себе, а говорниците се степаа на бината, на протестот против новите анти-ковид мерки кој се одржа пред Владата.
Кога една од демонстрантките се качи на бината и се обиде да му се доближи а првиот говорник на протестот, кој се претстави како поранешен воен разузнавач, тој агресивно ја истурка од бината, велејќи и „тргни се ма ајде“, а останатите присутни и дофрлаа погрдни зборови, пренесува А1Он.
Веднаш потоа друга демонстрантка се обиде да му го истргне стативот за микрофонот, но не успеа во својата намера.
Кога втората говорничка која се претстави како уметник, го започна својот говор, демонстрантите не престанаа да и дофрлаат „е*и си мајката курво една“, „кажи кој те плаќа“, „остави го листот, па кажи што имаш“.
Првиот говорник кој се претстави како разузнавач, кажа дека не е задоволен од одзивот на денешниот протест и најави поголем протест во недела, на кој ќе присуствувале 20 илјади граѓани.
На протестот говор одржаа уште двајца демонстранти, кои зборуваа за разединетоста на народот и светски заговори за кои докази биле одредени документарни филмови на социјалните мрежи.