четврток, 11. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетен велосипедист тешко повреден во прилепско

Малолетен велосипедист тешко повреден во прилепско
илустрација

На 19.08.2021 во 18.10 часот на пат во с.Црнилиште, прилепско, патничко возило „рено меган“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(48) од Скопје удрило во малолетен велосипедист од с.Црнилиште.

-По незгодата велосипедистот е пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле  констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.

Увид на лице место извршила увидна екипа на полициска станица Прилеп.