сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

СЕХА-четвртфиналето во Битола без гледачи

СЕХА-четвртфиналето во Битола без гледачи

И покрај вчерашното „зелено светло“ од владата, натпреварот од четвртфиналето на СЕХА Гаспром лигата меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест ќе се игра без присуство на гледачи. Сепак, нема потребна документација за организирање на натпреварот од сите релевантни институции, па продажбата на билети нема да започне и натпреварот ќе се игра како сите минатогодишни во Битола, без присуство на гледачи.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека ја повлекува продажбата на билети за натпреварот од четвртфиналето на СЕХА Гаспром лигата меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест. Причината  е недобивањето „зелено светло“ од сите потребни институции за организација на натпреварот во време на ковид-пандемија. Клубот искрено жали што не доби „зелено светло“ за одржување на натпреварот со присуство на гледачи со вакцинален сертификат во спортската сала „Боро Чурлевски“. Би сакале да ги потенцираме вистинските вредности на спортот, па доколку постои и најмала закана по здравјето на нашите граѓани, ние ќе ги следиме упатствата на надлежните. Веруваме дека наскоро ќе можеме да ви се обратиме со позитивни вести и враќање на гледачите во салата, нешто што нестрпливо го чекаме повеќе од една година. РК Еурофарм Пелистер уредно ги вакцинира своите ракометари, ги следи упатствата на надлежните и ќе продолжи да ги применува потребните протоколи донесени во време на пандемијата од ковид-19., се вели во клупското соопштение.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест ќе го следат само официјалините лица, клупските челници и новинарите, кои ќе приложат вакцинален сертификат.