петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон: Ќе соработуваме со талибанците, доколку тоа биде неопходно

Џонсон: Ќе соработуваме со талибанците, доколку тоа биде неопходно

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека неговата земја ќе соработува со талибанците, новите владетели на Авганистан, доколку тоа е неопходно.

-Сакам да ги уверам луѓето дека нашите политички и дипломатски обиди да се најде решение за Авганистан ќе продолжат, па дури и да соработуваме со талибанците доколку е потребно, рече Џонсон.

Британскиот премиер кажа дека ситуацијата на аеродромот во Кабул, од која илјадници очајни Авганистанци се обидуваат да ја напуштат земјата, „малку е подобрена“.

Британската Влада соопшти дека од саботата досега евакуирала 1.615 лица, вклучувајќи 399 британски државјани, 320 вработени во амбасадата и 402 Авганистанци.

На прашањето дали министерот за надворешни работи, Доминик Рааб, се уште ја има неговата доверба, откако беше критикуван за одговорот на авганистанската криза, Џонсон лаконски одговори – „апсолутно“.