четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетничката од Скопје која избега со момчето надвор од Македонија пронајдена во Србија

Малолетничката од Скопје која избега со момчето надвор од Македонија пронајдена во Србија

На 18.08.2021 во СВР Скопје било пријавено дека во Бујановац, Р.Србија е пронајдена Р.Р.(15) од Скопје за која на 17.08.2021 било пријавено дека се оддалечила од домот.

Лицето е предадено на родителот Џ.Р.

Инаку, во вторникот во 21.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Џ.Р.(36) од Германија, со моментален престој во Скопје, пријавил дека неговата ќерка Р.Р.(15) се оддалечила од домот со С.Н., со кого била во љубовна врска.