сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Неработникот Шилегов го уништува Водно, не го прогласи за Парк на природата, во игра се бизнис интереси на власта – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Неработникот Шилегов го уништува Водно, не го прогласи за Парк на природата, во игра се бизнис интереси на власта – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Неспособниот неработник Петре Шилегов го уништува Водно и намерно не го прогласија за Парк на природата што е повисок степен на заштита, бидејќи во игра се бизнис интереси на власта. Наместо спас на Водно и ревитализација на неговата шума како што ветуваше Шилегов, единствено донесе уште поголемо уништување и царување на урбаната мафија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека во својот четиригодишен мандат неработникот Шилегов со прст не мрднал да го заштити или да го ревитализира Водно, напротив свесно дозволи уништување на уште повеќе шума и бетонизација на белите дробови на Скопје.

– Додека граѓаните апелираа дека се повеќе се сече шума, дека се градат се повеќе викендици кои ја уништуваат планината, Шилегов заради бизнис интереси се правеше наудрен барајќи разни изговори. Тоа што владата го прогласи Водно за заштитено подрачје кое според закон е петти степен е само обична шминка дека се грижат за планината, бидејќи доколку сакаа навистина да го заштитат ќе го прогласеа за Парк на природата како што ВМРО-ДПМНЕ за заштити Парк шумата Гази Баба, односно четврти степен што е повисока заштита. Но, секако ниту на Шилегов ниту на СДСМ не им одговара Водно да биде заштитено затоа што самите тие пред два месеци промовираа нова населба на падините на Водно која ќе значи уште еден удар врз планината и животната средина во Скопје. Дека на Шилегов не му е гајле за Водно, се сеќаваме и дека свесно дозволи да се сечат повеќе дрва до потребното кога се градеше гасоводот во ситуација кога Скопје беше на врвот по загадени градови, посочуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека наместо да заштитува, Шилегов уништува. Впрочем тоа го покажа кога среде Скопје ја искасапи улицата „Орце Николов“ иако ветуваше дека нема ниту едно дрво да биде уништено.

– Да биде иронијата поголема Шилегов е тој кој бетонираше дрвја, а сега планира да го уништи и целиот дрворед на булевар „Партизански одреди“ заради нефункционалниот и скап БРТ систем. Политичката кариера на Шилегов му заврши, време му е да се спакува и да одговара за злоделата врз Скопје и сите криминали во изминатите 4 години, додаваат од партијата.

Најнови вести