четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Нова година кобна за двајца туристи во Грција- убиство или самоубиство?

Нова година кобна за двајца туристи во Грција- убиство или самоубиство?

Грчките власти објавија дека во куќа на островот Кефалонија се најдени тела на двајца туристи, за кои се сомневаат дека извршиле самоубиство.

Полицијата соопшти дека се пронајдени телата на 30-годишен маж од Германија и 23-годишна жена од бугарско потекло.

Нивните тела биле пронајдени во куќата што ја изнајмиле, објави АП.

Покрената е истрага, а телата се префрлени во пристанишниот град Патра, каде што ќе се изврши аутопсија.

Телата на туристите биле пронајдени во новогодишната ноќ.

Тие биле пронајдени од сопственикот на куќата, која ја изнајмиле на 26 декември.