сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чурлинов асистираше на дебито во дресот на Шалке 04

Чурлинов асистираше на дебито во дресот на Шалке 04

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов денеска дебитираше во дресот на Шалке 04, а неговиот тим загуби убедливо (4:1) на гостувањето кај Регензбург.

Чурлинов беше на клупата за резерви и влезе во игра кога Шалке губеше со 2:0, па деветнаесет минути подоцна имаше мајсторска асистенција до Терод, кој го постигна единствениот гол за гостите.

Нашиот репрезентативец дојде во Шалке од Штутгарт пред само неколку дена, а веќе започна да се наметнува да биде стартер во тимот предводен од грчкиот трене Димитриос Грамоцис.

По четири кола, Шалке освои само четири бодови.