четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Брутално: Помошникот на Сампаоли нокаутираше еден од ултрасите на Ница! (ВИДЕО)

Брутално: Помошникот на Сампаоли нокаутираше еден од ултрасите на Ница! (ВИДЕО)

Хорхе Десио, еден од помошниците на Хорхе Сампаоли, тргна да ги брани фудбалерите на Марсеј и брутално нокаутираше еден од ултрасите на Ница.

На синоќешниот дуел помеѓу Ница и Марсеј дојде до голем инцидент, домашните навивачи влегоа во теренот и ги нападнаа гостинските фудбалери. Хаосот започна кога во 75. минута, полетаа шишиња од трибините и го погодија Димитри Паје, а играчот реши да возврати со иста мера и фрли шишиња кон публиката.

Ултрас навивачите на Ница потоа се симнаа за да се пресметаат, веднаш притрчаа луѓето од обезбедувањето, а во одбрана на своите фудбалери тргнаа и луѓето од стручниот штаб на Марсеј.

Еден од помошниците на Хорхе Сампаоли дури и брутално нокаутираше навивач на Ница. Се работи за Хорхе Десио, кој сигурно ќе заработи жестока казна.