Јувентус не успеа да ја оправда фаворитската улога против Удинезе, одигра нерешено 2-2, на Роналдо му беше поништен гол.
Масимилијано Алегри по мечот ја анализираше средбата, говореше и за моментот на Роналдо.
„Роналдо добро се чувствува, разговаравме пред натпреварот, му објаснив дека ќе започне од клупата, го прифати тоа, играше добро, постигна и гол, но му го поништија, ќе морам подобро да се подготвам за тоа како ќе ги користам петте измени“ – изјави Алегри.