четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Елмас: Спалети ми влева самодоверба

Елмас: Спалети ми влева самодоверба

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше фантастичен старт во новата сезона во Серија А, постигна гол во победата на својот тим. Наполи во првото коло од Серија А со 2:0 ја совлада Венеција, а Елмас во 73. минута го постави конечниот резултат.

Елмас за италијанските медиуми изјави дека новиот тренер Лучано Спалети верува во неговите квалитети и со тоа му влева голема самодоверба.

– Спалети лично ми влева многу голема самодоверба. Јас сум тука веќе трета година и сакам да го покажам најдоброто од себе, сакам да играм и да покажам дека вредам. Се надевам дека ќе играм многу повеќе. Среќен сум секако за голот, но најважно е што дојдовме до победата. Инсиње и Лозано се многу важни играчи за овој тим, и јас сум пресреќен што го делам теренот со нив. Посебно Инсиње, сите знаат за каков фудбалер се работи, вистински капитен и лидер. Буди постојано инспирација и мотив во мене да биде што е можно подобар, изјави Елмас.