среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Светото во неверување од збогувањето на славната пејачка: Боледува од пеколна болест поради која не може ниту да зборува, ниту да пее

Светото во неверување од збогувањето на славната пејачка: Боледува од пеколна болест поради која не може ниту да зборува, ниту да пее

Пејачката Џеси Џеј објави дека ќе се повлече од социјалните мрежи некое време поради нејзината здравствена состојба. Своето збогување го сподели со 10 -те милиони обожаватели кои ја следат на Инстаграм.

Џеси се бори со болеста Мајнер повеќе од шест месеци, болест на внатрешното уво, која се карактеризира со напади на вртоглавица, гадење и повраќање, како и тинитус и глувост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by J E S S I E J (@jessiej)

Таа кон средината на август проговорила за нејзината состојба и опишала колку е особено тешко за неа да биде погодена од болеста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by J E S S I E J (@jessiej)

„Вчера се обидов да отпеам песна што нормално ја пеам со леснотија и не можев. Проблемот не е мојот глас, туку болеста влијае на мојот глас. Плачев. Со часови. Си дозволив да го почувствувам скршениот дел во мене што честопати го игнорирам иако не треба. Шест дена не поминаа без болка во вратот и грлото. Понекогаш е подобро, понекогаш е полошо”, напишала тогаш меѓу другото, додавајќи дека се обидува да биде позитивна.

Во најновата објава, сепак, таа ги извести фановите дека ќе се повлече од социјалните мрежи додека и биде подобро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by J E S S I E J (@jessiej)

„Ќе исчезнам од социјалните медиуми некое време и ќе се фокусирам 100 проценти на себе и ќе се занимавам со она што се случува со моето тело. Ова го пишувам од љубов и почит кон фановите кои ме следат и поддржуваат овде. Ќе се видиме кога вакви слики ќе се прават во сегашниот момент, а не будат само сеќавање“, напишала таа покрај фотографијата на која пее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by J E S S I E J (@jessiej)

Најнови вести