Џердан Шаќири имаше солиден настап на Европското првенство (ЕП) со Швајцарија, a на стартот на новата сезона си обезбеди трансфер.
Крилниот играч во Ливерпул не ја добиваше потребната минутажа, а кариерата ќе ја продолжи во Лион во француската Лига 1.
Двата клуба се договорија за деталите. Лион ќе му плати на Ливерпул 12 милиони евра, а играчот и „лавовите“ ќе потпишат договор до 2024 година.
Шаќири покрај за Ливерпул во кариерата играше уште и за Стоук, Баерн Минхен, Интер и Базел.