Реал Мадрид постигна седум гола на првите две гостувања во Примера, а противничката мрежа ја тресеа скоро сите напаѓачи. Сепак, најмногу импресионира настапот на Винициус Жуниор на денешното гостување кај Леванте.
Бразилецот ја презаде лидерската улога и со два гола, влегувајќи од клупата, донесе реми исход (3-3).
Посебно импресионираше голот од мртов агол за 3-3, во кој е прикажана цела креација, техника и снаодливост на младиот нашаѓач на Реал Мадрид.
Голот на Винициус Жуниор против Леванте:
По првите две кола Реал на Анчелоти освои четири бода, играјќи два натпревари на гостински терен.