Манчестер Сити ќе направи се да дојде до потпис на Хари Кејн од Тотенхем, оваа недела е клучна, пишува „САН“.
Хари Кејн јасно изрази желба да ја смени клупската средина, но Тотенхем се изјасни дека без 150 милиони фунти репрезентативецот не оди никаде.
Сега Манчестер Сити најави дека ќе направи последен напор да ја зголеми својата понуда од 100 милиони фунти, тие се недоволни за договор со Тотнем, но „граѓаните“ најавија дека ќе ја подобрат понудата.
„САН“ пишува дека Сити ќе ја подобри својата понуда за дополнителни 20 милиони фунти, со бонуси да стигне приближно до сумата која ја бара Тотнем.