Данското фудбалскот првенство не е ниту одблиску атрактивно како најпознатите домашни првенства во светот, но сепак една сцена од втората лига која се случила изминатиов натпреварувачки викенд, направи натпреварот меѓу Вендисел и Фредеричија да се најде во фокусот на јавноста.
Натпреварот завршил со конечен резултат 1:1, но гостинот Фредеричија при негатива од 1:0 бил сериозно оштетен од главниот судија на мечот.
Од тоа што може да се види на видеото, арбитарот не го испочитува непишаното фудбалско правило и не дозволи предност за тимот кој напаѓа, па наместо да остави да тече акцијата во која играчот на Фредеричија се најде во стопроцентна шанса, досуди прекршок.
Самиот судија експресно сфати дека направи огромна грешка и падна на колена барајќи прошка од играчите, а вреди да се напомене дека дел од гостите и го тешеа данскиот арбитар кој приреди невообичаена сцена на фудбалските терени.
This is crazy … referee doesn't play advantage and realizes very quickly that was a huge mistake 🤯 pic.twitter.com/IN7FndMqmO
— Jordan Gardner (@mrjordangardner) August 22, 2021