недела, 14. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

По само десет дена: Наинголан го направи првиот скандал во новиот клуб

По само десет дена: Наинголан го направи првиот скандал во новиот клуб

Раџа Наинголан беше дел од тимот на Ројал Антверп кој играше против Омонија минатата недела, но прославениот белгиски фудбалер за само десет дена, одново докажа дека неговиот проблематичен темперамент знае да му донесе големи неволји.

Две седмици по раскинувањето на договорот со Интер и по реализираниот трансфер во Антверп, искусниот Раџа добил укор од службените лица во неговата родна земја, поради што сега ќе сноси сериозни последици и ќе му биде забрането да вози на неодредено време.

Наинголан бил уловен во алкохолозирана состојба во близина на Антверпен и возел со поголема брзина од дозволеното, па потребни му беа само 10 дена да го изрежира првиот скандал во новиот клуб во кој пристигна како огромно изненадување.

Белгискиот медиум „ХЛН“ открива детали и потенцира дека Наинголан бил уапсен и приведен од полицијата откако било утврдено дека е позитивен на алко-тестот, па по извесно време бил пуштен на слобода со одземена сообраќајна дозвола.

Локалната полиција потврдува дека настанот се случи во четири часот наутро на улиците во Амбрес, а во записникот се вели дека возачката дозвола му е експресно одземена и допрва ќе се одлучува казната на суд.