петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Заев и Филипче со кампањата за вакцинација доцнат повеќе од девет месеци, доцнеа и со вакцини, а досега воведоа само фашистички мерки“

„Заев и Филипче со кампањата за вакцинација доцнат повеќе од девет месеци, доцнеа и со вакцини, а досега воведоа само фашистички мерки“

По повеќе од девет месеци или кон крај на минатата година кога во сите земји стартуваше вакцинацијата против корона, во Македонија ништо не беше на повидок ниту вакцини, ниту пак како да се стимулираат граѓаните да се вакцинираат, велатод ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега, повеќе од десет месеци по тоа, Зоран Заев и Венко Филипче решија да организираат кампања за да ги поттикнеле граѓаните на вакцинација.

Во меѓувреме, ги поделија на граѓаните, воведоа фашизоидни мерки и сега ќе терале кампања.

Филипче и Заев ако сакаат да ги мотивираат граѓаните има милион начини како да го сторат.

Но, доцнат премногу.

Поради нивната неспособност се случи и четврти бран, поради нивна неспособност не е организиран здравствениот систем за ниту еден бран од почетокот на пандемијата, поради нивната неспособност бројката на починати од корона се движи кон шест илјади починати.

Од 17 октомври ќе почне крајот на политичари како Заев и Филипче!, стои во партиската реакција.

Најнови вести