петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ливерпул му забрани на Салах да игра за Египет

Ливерпул му забрани на Салах да игра за Египет

Премиерлигашот Ливерпул не му дозволи на својот фудбалер Мохамед Салах да патува во Египет за септемвриските натпревари на неговиот национален тим во квалификациите за пласман на Светското првенство, соопшти денеска Фудбалската федерација на Египет.

Египет е на „црвената листа“ на британските власти во ограничувањата поврзани со коронавирусот и евентуалниот настап на Салах за националниот тим ќе значи негов задолжителен двонеделен карантин при враќањето во Велика Британија.

Салах ќе ги пропушти натпреварите против Ангола и Габон.

Во ноември лани, Ливерпул му дозволи на Салах да отпатува во Египет на свадбата на неговиот брат, а по враќањето на фудбалерот му беше констатирано дека е позитивен на коронавирус.