среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Џердан Шакири нов фудбалер на Лион

Џердан Шакири нов фудбалер на Лион

Швајцарскиот фудбалски репрезентативец Џердан Шакири потпиша договор до 2024 година со Лион, соопшти вечерва францускиот прволигаш, изфдвојувајќи шест милиони евра за поранешниот играч на Ливерпул.

Трансферот, исто така, вклучува бонуси во износ од пет милиони евра, соопшти францускиот клуб, кој се надева дека со ангажманот на швајцарскиот офанзивен играч за врска ќе го надомести заминувањето на Мемфис Депај во Барселона.

Шакири (29) изминатите три сезони го носеше дресот на Ливерпул со кој ја освои Лигата на шампиони (2019) и Премиер лигата (2020).