четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Лукаку веќе е заборавен: Интер му најде партнер на Џеко во нападот!

Лукаку веќе е заборавен: Интер му најде партнер на Џеко во нападот!

Управата на Интер доцна синоќа потврди дека завршиле преговорите со Торино и дека наскоро официјален потпис на договорот со „нераѕурите“ ќе потпише досегашниот напаѓач на овој тим, Андреа Белоти.

Тој ќе биде партнер на Един Џеко во нападот, а двајца, пак, ќе бидат своевидна замена за фантастичниот Ромелу Лукаку, кој летово направи трансфер во Челси. Белоти е еден од најдобрите стрелци во Серија А во последните години, кој не така одамна беше проценуван и на дури 100 милиони евра.

Сега, тој за отштета од 15 милиони евра ќе се пресели на „Џузепе Меаца“. Досега има постигнало 90 голови во елитната италијанска лига, а беше стрелец за Торино во поразот во воведното коло од новата сезона, на домашен терен против Аталанта (1-3).