Клубот од „Паркот на принцовите“ дефинитивно се откажа од идејата да го задржи Килијан Мбапе, откако ја одби последната понуда за продолжување на неговиот договор.
На повидок е нов фудбалски „земјотрес“ што ќе го потресе светот! По трансферот на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ, во Париз се создаде неверојатна атмосфера, но тоа доведе и до незадоволство кај една од најголемите sвезди во францускиот гигант – Килијан Мбапе.
Имено, Французинот упорно одбива да потпише нов договор, а тој веќе влезе во последната година од договорот, па ПСЖ, по неколкуте понуди со зголемување на платата, повеќе не сака да ризикува и одлучи да се раздели со еден од своите досегашни најдобри играчи.
Францускиот медиум „RMC“ ексклузивно објави дека ПСЖ одлучи да го продаде Мбаое ова лето, а „Марка“ носи нови информации и наведува дека имало контакт меѓу клубовите и дека овој пат ПСЖ го повикал Реал Мадрид, а не обратно, како што беше во текот на целото лето.
Реал Мадрид веќе неколку преодни рокови се воздржа од купување, а летово заработи 85 милиони евра од трансферот на Рафаел Варан во Манчестер јунајтед (50 милиони евра) и Мартин Одегард во Арсенал (35 милиони евра), и од претходниот преоден рок периоди имаат 122 милиони евра, колку што останаа во касата и подготвени се чекаше за евентуалниот трансфер на Мбапе.
„Марка“ пишува дека е сосема доволно да се ангажира Французинот кој е во последната година од договорот. Според овој весник, Реал, добро запознаен со настаните на „Сантијаго Бернабеу“, ќе чека буквално до последните моменти за да испрати адекватна понуда и да го донесе еден од најдобрите фудбалери во светот.
Доколку евентуално не успее опцијата со Мбапе, париските „светци“ имаат друго решение, а тоа е Бразилецот Ришарлисон, кога го препорача Нејмар, кој игра одлично со него во тандем во бразилската репрезентација.