Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска во Софија ќе учествува и ќе се обрати на Виенскиот економски форум што ќе се одржи во Националниот дворец на културата.
Анѓушев, кој од вчера е во Софија, учествува на дел од активностите што се реализираат во рамки на Самитот ЕУ-Западен Балкан.
Вчера попладне, вицепремиерот Анѓушев учествуваше на настан во организација на Светскиот економски форум.