среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Канатларовски: Во репрезентацијата ќе бидат оние кои играат стандардно во клубовите

Канатларовски: Во репрезентацијата ќе бидат оние кои играат стандардно во клубовите

Новиот селектор на младинската фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните натпревари од квалификациите за следното Европско првенство.

Искусниот стратег на клупата на нашите надежи вели дека со нетрпение ја очекува средбата со фудбалерите и напомена дека место во неговата селекција ќе има само за оние играчи кои настапуваат стандардно во клубовите.

„Нов почеток и за мене и за фудбалерите. Со радост и нетрпение ја очекувам средбата со фудбалерите. Оваа генерација започнува нов квалификациски циклус и навистина задоволството и честа да ја предводам се големи, исто како и нашите очекувања од квалификацискиот циклус. На списокот се повикани во моментот најдобрите фудбалери со кои располагаме. Еден од главните услови за да бидат во репрезентацијата е стандардно да настапуваат во своите клубови. Не очекуваат два тешки меча против Франција, тим кој е апсолутен фаворит во групата и домашниот натпревар со Стбија репрезентација која располага со многу квалитетни млади фудбалери. Се надевам дека најпрвин квалитетно ќе ги одработиме подготовките, сите ќе бидат здрави и ќе се борат за место во почетниот состав. Најважно за мене е сите да бидеме во функција на тимот. Очекуваме дека новоповиканите фудбалери Божиновски, Чолаковски и Рустемовски ќе дадат дополнителен импулс на тренинзите и натпреварте и како и сите останати да го дадат својот максимумот и да се бориме за позитивен резултат на воведните два натпревари“, вели новиот селектор.

Во стручниот штаб на селекцијата до 21 година се вклучени Шкумбин Арслани и Драган Начевски како помошници на селекторот Канатларовски. Тренер на голмани е Зоран Мицевски, а кондициски тренер Сашо Вељановски. Никола Зердески е тим менаџер во Македонија до 21 година.

Собирот на македонската репрезентација е закажан на 29. август (недела). Првиот тренинг е в недела од 18:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје