среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Обрван: Шансите против Вардар ни се подеднакви

Обрван: Шансите против Вардар ни се подеднакви

Тренерот на ракометниот клуб Загреб и поранешен македонски селектор, Ивица Обрван смета дека патникот на завршниот турнир во СЕХА-лигата ќе се одлучи на реваншот во Загреб, а не во Скопје на првата средба во четврток.Според него двете екипи се со изедначен квалитет, па претстои интересна двојна пресметка.

„По тринеделни подготовки заклучно со турнирот во Добој пред нас е еден важен натпревар. Би рекол дека шансите за нас и за Вардар во овој момент се подеднакви. Резултатот од првата средба нема да гарантира ништо доколку тоа не биде исход со голема разлика. Па затоа верувам дека патникот на Ф4 турнирот ќе биде одлучен на реваншот во Загреб на 31 август. Ни преостануваат уште неколку тренинзи за максимално да се подготвиме за Вардар, но мислам дека ја подигнавме формата на добро ниво. Се надевам дека на овие два натпревари ќе покажеме добра игра и ќе избориме пласман на завршниот турнир во СЕХА-лигата“, изјави Обрван за клупската интернет страница.