СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Ќ.(64) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука”.
Пријавениот, и покрај изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство, отстранување од домот и забрана за приближување од 06.08.2021 година, сѐ уште се наоѓал во домот каде извршил семејно насилство.